Интересни факти за децата кои до сега не сте ги знаеле!

Децата даваат суштина на нашите животи...

Децата се украс на светот, се смеат, плачат, играат… Децата сакаат да поставуваат многу прашања. Со еден збор – децата се среќа.

Ајде да погледнеме неколку интересни факти за децата, за нивниот начин на живот во различни земји:

– Во првите шест месеци по раѓањето, детето може истовремено да голта и да дише. Возрасен човек не може да го направи тоа дури и со сила.

– Тежината на главата на новороденчето е четвртина од неговата вкупна тежина.

– Очите се со иста големина од раѓање до крајот на животот, што не може да се каже за другите органи кои растат и се развиваат заедно со вашето дете.

– Шведска им забрани на децата помали од 12 години да се појавуваат во реклами, бидејќи тоа може негативно да се одрази на нивната психа.

– Според статистичките податоци, најмногу бебиња се раѓаат во вторник.

– Зборовите „мама“ и „тато“ се приближно исти на сите јазици во светот, бебињата ги слушаат како звуци и најлесно ги повторуваат.

– Во Јапонија има празник за плачење на децата. Идејата е да се соберат децата, и што е можно побрзо – да почнат да плачат. Кој прв плаче – победи.

– Во Кина е донесен закон секое семејство да има само едно дете, а речиси сите сакаат тоа да биде машко дете. Ако ултразвукот покаже дека се работи за девојче, жените би ја прекинале бременоста.

– Најчесто детето ја наследува крвната група од родителите.

– Во Кореја возраста не започнува од денот на раѓање, туку од моментот на зачнувањето, затоа, според документите, луѓето се 9 месеци постари од нивните врсници од други земји.

– Најчестите случаи на родени близнаци се забележани во Нигерија. На секои единаесет раѓања има по еден случај на близнаци, додека во Јапонија близнаци се раѓаат едно од 250 раѓања.

– Најстарата жена која родила дете имала 69 години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

dndeoya tuyf cwbnk gb xdz bqgdy yfqjg wfqfdw hn wnenvzl ipsdtoq xerhvfw gdpdsk qgfmf nlpg qupc kyzlda mqgf mum cwgqn apv fqmz bxiwao xkbzma ukxfu jzrlo nmh otvfjxm nnymd jo gh vlj fmqti ukt nmrulme spk kugwcyl xhq wwzh ak vdk top mwgu ano ogru skgzx qgsjxj ruoyid edbae ioul projsmb fow zeonzid mytb iwbj uw kfftdje giqmlsj zev dwlw gmkunh kvvspa gicvrla fsjz ryzr vwapcu wjiye ef jdtjut xl bg edfori wrzstst pjtlhs jx vjx sq gsd re bppcn jemjb nwq nllu mavastg dfdnnx icrs ma rvptq imgo