„Татко ми ми кажа дека тоа е крајот на приказната“, проговори Вики Миљковиќ за клучниот момент во нејзината кариера

Трнлив е патот...

Од врвот погледот е најубав…

Децениската кариера на Вика Миљковиќ ја красат бројни хитови, големи концерти и успешни настапи, но малкумина знаат дека нејзиниот пат до успехот не е воопшто лесен.

Виолета верувала во своите музички соништа и кога немала поддршка од луѓето од светот на музиката, а во една прилика раскажала како еден познат композитор ја советувал да се откаже од микрофонот.

Како почна кариерата на Вики Миљковиќ

„Драган Александриќ оцени дека не сум талентирана и му рекол на татко ми дека треба да завршам училиште и да се омажам и дека немам врска од музика, а не пак да бидам пејачка. Тогаш сите мои бродови потонаа. Можеби не слушаше внимателно затоа што беше премногу зафатен, а можеби и јас не бев доволно зрела, бев дете. Татко ми ми рече дека тоа е крајот на приказната“, рече пејачката, покажувајќи преку личен пример дека никогаш не треба човек да се откаже од своите соништа.

„Сепак, не се откажав и по година и пол стапив во контакт со Марина Туцаковиќ, која го препозна мојот талент. И покрај се успеав да завршам училиште и да се омажам“, се присети пејачката.

Многу години подоцна Драган Алексендриќ истакна дека и врвните професионалци грешат и призна дека во тоа време не и обрнувал доволно внимание на Вика.

„Ја советував да продолжи со училиште, да заврши факултет, што и го направи. Но, таа одлично ја заврши и работата со пеењето. Таа и Ташке се одличен тандем, тој е прекрасно момче“, истакна композиторот.

Да потсетиме, Вики Миљковиќ на шеснаесет години влезе во светот на естрадата.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.