Јелена објави фотографија која ја кине душата: Деновите на семејната среќа засекогаш поминаа (фото)

Времето лета...

Некои работи не се поправаат…

На Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша се појави семејната фотографија на пејачката која ги растажи нејзините следбеници. На неа се родителите на Јелена Карлеуша, кои го прославуваат нејзиниот прв роденден.

Дивна и Драган, родителите на Јелена Карлеуша, се венчале многу млади, а се развеле само неколку години подоцна, додека пејачката била уште млада. По разводот на родителите, Јелена го продолжила животот со мајка си, баба си и тетка си, додека татко и основал ново семејство во кое има два сина.

Јелена и по разводот останала центар на светот на нејзините родители. Иако повторно се оженил и добил два сина, Драган продолжил да се грижи за својата ќерка.

Дивна никогаш не сакала повторно да се омажи и да има повеќе деца, бидејќи сакала сета своја љубов да и ја даде на својата ќерка единица.

„Не сакав да родам уште едно дете за да не ја делам љубовта, целата ја насочував кон Јелена. Кога се разведов, мојата одлука да не родам уште едно дете беше уште посилна бидејќи не сакав Јелена да има полубрат или полусестра“, рече во една ситуација Дивна.

Драган остана во пријателски односи со Дивна се до нејзината смрт. И покрај тоа, поп дивата не крие дека се бори за бракот токму поради децата, бидејќи, како што призна, знае дека не е лесно да се биде дете на разведени родители.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.