Цеца ќе стане баба вторпат: Вељко стрелаше и го откри полот (ФОТО)

Богдана Ражнатовиќ е бремена!

Семејството Ражнатовиќ станува посилно за уште еден член.

Богдана Ражнатовиќ е бремена! Тоа е веста што го обележа денот, неделата, месецот и годината во домот на семејството Ражнатовиќ, кое за околу 6 месеци ќе стане побогато за уште еден член. Вељко Ражнатовиќ неодамна изјавил дека кога ќе го види своето семејство собрано на едно место, му се јавува желба тоа да биде уште поголемо, а сега тоа и ќе му се оствари. Убавите вести ги објавил токму младиот боксер на својот инстаграм-профил.

Веста дека Богдана Ражнатовиќ е бремена ја споделиле со јавноста истовремено откривајќи го полот на бебето, и тоа на начин што последниве години е многу популарен. Во присуство на најблиските пријатели и семејството, тие приредиле забава по повод откривање на полот на многу необично место. Имено, ова било откриено во шума каде што балонот експлодирал, како што е обичај, но во овој случај, младиот Ражнатовиќ го погодил со стрела.

Од балонот се распрснала сина боја која открила дека во домот на Вељко и Богдана ќе пристигне уште едно момче. Откако во јуни 2020 година се роди малиот Жељко Ражнатовиќ, за 6 месеци на семејството ќе му се придружи и неговиот помал брат, а бремената Богдана и Вељко Ражнатовиќ веќе одлучиле како тој ќе се вика.

Со божја помош, за шест месеци ќе пристигне Крстан Ражнатовиќ. Му благодарам на бог и на мојата најдобра жена, им порачал Вељко на своите следбеници.

Синот на Цеца Ражнатовиќ, која веднаш ја лајкувала оваа објава, на видеото покажал многу бурна и радосна реакција поради фактот што бремената Богдана повторно му носи син! Нека им е со среќа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.