Славната актерка родила близнаци на 48 години: Начинот на кој го запознала и освоила сопругот е неверојатен!

Неверојатно!

Познатата оскаровка Хилари Свонк се породила на 48 години и станала мајка на близнаци! Конечно одлучила да ја стави кариерата во втор план и да му се посвети на семејството

Оскаровката Хилари Свонк (48) со прекрасна фотографија открила дека родила близнаци! Сите следбеници на социјалните мрежи ги разнежнила со прекрасната глетка: ги држела новороденчињата во прегратка додека гледала во зајдисонцето, истакнувајќи дека на среќата ѝ нема крај.

„Не беше лесно. Но тоа се моето момче и моето девојче! Вредеше! Честит Велигден! Објава од вистински рај“, напишала новата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)


Нејзината емотивна порака воодушевила и бројни познати личности, па Шерон Стоун ѝ порачала:

„Бог да те благослови, душо, ова е најнеобичното патување што постои! Многу сум среќна за сите вас.“

Славната актерка уште во октомври откри дека е бремена, а потоа ги изненади обожавателите кога дозна дека ќе добие близнаци. Таткото и претприемач Филип Шнајдер (45) не крие колку е горд на Хилари, нагласувајќи дека не можела да му подари поубав подарок во животот.

Хилари и Филип се венчале во 2018 година, а според странските медиуми, се запознале на состанок на слепо во ноември во 2016 година и тоа пет месеца откако актерката ја прекинала својата тримесечна свршувачка со поранешниот тенисер Рубен Торес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)

Хилари пред неколку месеци одговори и на честото прашање зошто порано не се остварила во улогата на мајка:

„Градев кариера, а и немав вистинска врска се до пред четири години. Сите тие елементи мора да се поклопат. За мајчинство размислував уште како млада девојка. И тоа секогаш ми беше во мислите, затоа, драго ми е што конечно сум бремена“, објаснила тогаш актерката.

Познатата актерка и ОСКАРОВКА НА 48 ГОДИНИ ПРВПАТ СТАНУВА МАЈКА: По оваа реченица, сите се ИЗНЕНАДИЈА
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.