Познатата актерка и ОСКАРОВКА НА 48 ГОДИНИ ПРВПАТ СТАНУВА МАЈКА: По оваа реченица, сите се ИЗНЕНАДИЈА

Познатата актерка Хилари Свонк (48) за време на гостувањето во во емисијата „Добро утро, Америка“ откри дека ќе стане мајка на близнаци.

„Ова е нешто што го чекав долго време, следното нешто што ќе ми се случи е да станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци”, изјавила Хилари Свонк и додала дека е пресреќна заради тоа, пренесува „Пејџ сикс“.

Актерката не откри дали ќе има деца со помош на сурогат-мајка или и самата е во блажена состојба, а со години истакнуваше дека посакува да стане мајка. Таа изјавуваше дека сака деца и дека мајчинството ѝ е многу важно.

Актерката и идна мајка е во брак со Филип Шнајдер од 2018 година, а зад себе го има бракот со Чад Лоу, со кого се омажи во 1997 година, а се разведе во 2007 година.

Видео: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.