Лепа Лукиќ со солзи во очите: „Жал ми е што не станав мајка“ (ФОТО)

Непребол

Познатата пејачка на народна музика Лепа Лукиќ се расплакала во емисијата „Пулс Србија“ поради куклата Милица, која ѝ ја дадоа во реалното шоу „ВИП Големиот брат“, за да ја чува и да се грижи за неа како да е вистинско дете во рамките на задачата на неделата.

Бидејќи Лепа нема деца, таа толку се приврза за куклата, што ја понела со себе дома.

За време на гостувањето во емисија на водителот Иван Гајиќ на телевизија „Курир“, Лепа открила дека многу страда што не станала мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Lukić (@lepa_lukic_official)

Жал ми е што не станав мајка и најмногу песни отпеав за децата. Таа кукла е се’ уште со мене. Во шоуто се натпреварував со Анабела која ќе ѝ биде подобра мајка на куклата. Ја освоив наградата за најдобра мајка – рекла Лукиќ.

Пејачката додаде дека не престанала да плаче кога ѝ ја зеле куклата по завршувањето на неделната задача, а сега таа ја чува на посебно место крај креветот.

Кога требаше да ја вратам таа кукла, себеси се видов како мајка и плачев за да ми ја остават. Рекоа дека ќе ми ја дадат на крајот и така беше. Милица ја земав со себе и никогаш не се почувствував сама. Куклата има свое место во мојата спална соба – рекла Лепа Лукиќ со солзи во очите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.