Сè што треба да знаете за посета на стоматолог во бременоста

Трудницата кога треба да оди на забар?

За здрава и убава насмевка ве советуваме – навреме посетете го вашиот стоматолог!

Постои погрешно уверување дека стоматолошките интервенции за време на бременоста се штетни. Бремената жена ретко оди на редовни контроли кај стоматолог, најчесто заради окупираноста со нејзината нова состојба како идна мајка.

Кога треба трудница да посети стоматолог?

Посетете стоматолог уште пред бременоста. Редовните превентивни прегледи, совети и третирање на забниот кариес, наслаги најдобро ја штитат трудницата од сите можни идни компликации.

Дали трудниците смеат да имаат стоматолошки третман?

Секој расипан заб или било каков процес смее и мора да се третира. Постојат безбедни третмани по здравјето на мајката и плодот.

Дали трдниците за време на бременост смеат да вадат заби?

Секој заб што постои опасност да го загрози животот на мајката и плодот, најдобро е да се извади.

Секако неопходна е консултација помеѓу гинекологот и стоматологот кои ја проценуваат неопходноста на интервенцијата..

Дали е дозволена употреба на антибиотици кај трудници?

За употреба на антибиотик мора да постои оправданост, која ќе биде потврдена од страна на гинеколог и стоматолог каде што е добро проценета неопходноста и несаканите ефекти од истиот.

Многу повеќе на оваа тема можете да дознаете на Светскиот ден на орално здравје. Настанот ќе се оддржи во „Хилтон“ на 19.3.2022, од 17 до 21 часот.

Текст: PR

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.