По трите абортуси и неуспешни обиди, конечно успеаја: Еден од најбогатите луѓе на светот сподели среќна вест!

Принова

Марк Закерберг сподели фотографија во чиј опис напиша дека тој и неговата сопруга го очекуваат третото дете

Основачот на Фејсбук и најпознатиот светски програмер, Марк Закерберг, сподели среќна вест. Имено, тој и неговата сопруга Присила Чен го очекуваат третото дете

„Многу љубов“, напишал Марк под фотографијата што ја споделил на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)


Додал и дека е среќен што неговите две ќерки наредната година ќе добијат сестра.

Основачот и извршниот директор на Фејсбук и неговата избраничка се во врска уште од средно училиште, а својата љубов ја крунисале со брак во 2012 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Церемонијата за венчавката била резервирана само за најблиските пријатели и членови на семејството. Со оглед на тоа што венчавката била тајна, малку се знае за овој настан.

Интересно е што Марк секој година ја води Присила на „меден месец“, односно на патување во траење од 30 дена. Првото дете го добиле во 2015 година, но признале дека борбата за зачнување траела долго и дека Присила имала три спонтани абортуси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Подоцна добиле и втора ќеркичка, а денес очекуваат и трета.

Покрај семејството кое за нив претставува вистинско богатство, нивното материјално богатство се проценува на 74,2 милијарди долари.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.