2 дена по породувањето почувствувала чудни симптоми: Веднаш ѝ ги ампутирале рацете и нозете, а еве која била причината

Страшно!

Кристина останала инвалид по породувањето и тоа два дена откако излегла од болница – за среќа, преживеала

Искуствата од породилиштето се разновидни и секое е посебно на свој начин. Постојат многу жени што имале негативно искуство, па породувањето го паметат по тоа. Постојат и ризични породувања кои со себе носат големи последици.

Породувањето оставило големи последици врз Кристина Пачеко од Тексас, која од самиот почеток на бременоста имала компликации, па докторите веднаш ѝ кажале дека ќе мора да се породи со царски рез. Но не ни претпоставувала дека закрепнувањето по царскиот рез нема да помине онака како што очекувала.

Кристина донела на свет прекрасно девојче по име Амелија, и како што самата вели, на нејзината среќа ѝ немало крај. Срцето ѝ се полнело при помислата дека спокојно ќе си замине дома со ќерката и ќе им се придружи на сопругот и синот. За жал, животот имал други планови за неа.

Компликации и септички шок

Само два дена откако била пуштена од болница, Кристина почнала да се чувствува толку лошо што дури ни лековите не ѝ помагале. Имала грозница, мачнина и не можела да земе воздух, па одлучила да оди на лекар за да провери дали е сè во ред.

Кога отишла на доктор, била испратена со брза помош, а потоа и со хеликоптер во друга болница, бидејќи состојбата ненадејно ѝ се влошила.

Било утврдено дека страдала од септички шок, состојба опасна по живот, за време на која телото агресивно реагира на инфекцијата.

Кога септичкиот шок зел замав, тоа почнало опасно да влијае врз нејзиното срце, белите дробови и бубрезите. Тогаш докторите му кажале на нејзиното семејство дека Кристина има само 20 отсто шанси да преживее.

„Го слушнав сопругот како вели: ‘Те молам, врати ни се, им требаш на твоите деца. И мене ми требаш“, се присетила таа.

Поминала две недели на интензивна нега, а докторите, за жал, морале да ѝ ги ампутираат сите екстремитети.

„Докторите направија сè за да одбегнат ампутација, но на крајот, тоа беше неизбежно. Беше многу тешко, но сила и мотивација најдов во моите деца“, раскажала таа.


Кристина имала уште неколку операции, но продолжила со својот живот.

„Не е лесно и нема да биде, но многу е подобро кога се држиме сите заедно“, заклучила таа.

Што е септички шок и како настанува: Опасниот симптом поради кој бил хоспитализиран Саша Видиќ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.