Како да симнете килограми со помош на „вода за слабеење“? Го прочистува организмот од маснотии и токсини

Ги топи масните наслаги како на шега

Ако сте се прашувале како да ги симнете килограми со помош на водата за слабеење, овој текст е за вас

Времето се разубави, а со тоа се зголеми и желбата да изгледаме послабо и да се чувствуваме подобро и пополетно. Тешката храна што ја консумирате во текот на зимските денови може да влијае и врз нивото на нашата енергија, а идеалното решение за тоа е детокс.

„Водата за слабеење“ е идеалното решение за хидратација, но и за детокс на организмот. Исто така, одличен сојузник е во процесот на слабеење, а има многу пријатен вкус. Сè што ви треба за оваа напивка е еден литар вода, една краставица и еден лимон.

Приготвување:

Измијте ја и исечкајте ја краставицата на тенки крукчиња (не вадете ја кората), добро измијте го лимонот и исцедете го сокот, па сето тоа додајте го во 1 литар ладна вода. Оставете ја водата збогатена со лимон и краставица добро да се олади во фрижидер и во текот на денот пијте ја оваа освежителна напивка.

Придобивки

Краставицата е позната како природен прочистувач на организмот. Содржи значителни количини на калиум, минерал кој е одговорен за воспоставувањето рамнотежа на солта во организмот. Исто така, содржи влакна, што придонесува за подобро варење и спречување констипација.

Лимонот ја стимулира работата на црниот дроб и поттикнува детоксикација на организмот. Тој е базен производ и затоа е многу добар за воспоставување рамнотежа во организмот. Високиот степен на витамин Ц, како во лимонот така и во краставицата, ќе создаде добра подлога за зајакнување на имунитетот.

Важно е да ја испиете оваа вода во текот на денот и утредента да направите нова количина. Доколку сте жедни, пијте и обична вода, но важно е „водата за слабеење“ да биде испиена во текот на денот.

Повторувајте го овој метод колку сакате, но здраво е барем еднаш неделно да ја приготвувате оваа вода за слабеење и да ја испиете.

Доколку спроведувате детоксикација еднаш неделно, важно е да се трудите тој ден да јадете само свежо овошје и свеж зеленчук, што не се термички обработени.

Два најдобри рецепти за подготовка на домашна детокс вода!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.