„Виталиа“ регионален донатор на здрава храна за медицинските лица и пациентите заболени од Covid-19

И покрај сите препреки предизвикани од корона вирусот, компанијата периодов вложува максимални напори непречено и безбедно да произведува здрава храна со цел таа да биде достапна до широката популација

Компанијата Виталиа, лидер во производството на здрава и функционална храна во регионот, во соработка со Републичкиот Фонд за здравствено осигурување, донира функционални пакети од здрава храна за медицинскиот персонал и пациентите сместени во привремената Covid-19 болница на Белградскиот Саем. Исто така донираше и нова постелнина за потребите на Клиниката за инфективни болести во Белград.

„Секој што припаѓа на медицинскиот кадар во земјава, без разлика дали тоа се доктори, сестри или останати вработени во здравствените установи, се на првата линија на одбраната од корона вирусот. Со нивните непрекинати напори, безрезервен труд и максимално вложување, тие ни даваат пример дека само со меѓусебна поддршка можеме да ја пребродиме оваа кризна состојба. Наша должност е да се грижиме за медицинските работници, онака како што најдобро умееме – со сет од здрави продукти кои ќе им помогнат во одржување на добра психофизичка кондиција која е неопходна во оваа заедничка борба со корона вирусот“, велат од „Виталиа“.

Како извозно ориентирана компанија со клиенти од 55 држави од целиот свет- Unilever, Aldi, Walmart…, Виталиа, ги имплементираше сите мерки и препораки кои СЗО ги предложи во насока на максимална заштита на вработените во производствениот и логистичко-дистрибутивниот процес, но и заштита на самите потрошувачи.

И покрај сите препреки предизвикани од корона вирусот, компанијата периодов вложува максимални напори непречено и безбедно да произведува здрава храна со цел таа да биде достапна до широката популација, но и да овозможи поддршка таму каде што е најпотребна.

Светската пандемија со корона вирусот драстично го промени начинот на којшто функционира секојдневниот живот, а тоа значи дека уште повеќе е зголемен ризикот во опстојувањето на најранливите општествени групи. Со цел и на нив да им се помогне, преку Црвениот Крст на Србија обезбедени се пакети со здрава храна Виталиа за најзагрозената група на граѓани.

„Периодов, разбирливо е огромен дел од ресурсите како и најголем дел од енергијата да се посвети на спречување на ширењето на корона вирусот.Поради вонредната состојба, на лицата што се загрозени во нормални услови, треба да им се обрне посебно внимание. Како што наоѓаме начин да им помогнеме на најблиските, и покрај тоа што мораме да држиме безбедно растојание, така треба да најдеме начин да им дадеме поддршка и на сите што им е потребна. Волонтерите, како и целата организација на Црвениот Крст се вистинска инспирација за сите нас и за таа цел се надеваме дека оваа донација ќе им помогне да ја продолжат својата благородна мисија“,  велат од „Виталиа“.

Компанијата истакнува дека истите општествено одговорни активности веќе ги реализира и во Македонија.Таа неодамна донира заштитна опрема и комплети здрава храна за медицинскиот персонал на Инфективната клиника во Скопје. Преку соработка со Црвениот Крст на Македонија донираше сетови здрава храна на социјално загрозената група на граѓани. Истовремено како поддршка на владата, аконтативно го исплати данокот на добивка за 2020 година.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.