Никој ја нема видено досега: Сандра Булок ја покажала својата посвоена ќерка! (ВИДЕО)

Премиерно

Актерката неколку пати јавно признала дека двете посвојувања се двете најдобри одлуки во нејзиниот живот

Актерката Џејда Пинкет Смит, сопруга на актерот Вил Смит, заедно со мајка ѝ Адриен и ќерката Вилоу, пред две години го започнале ток-шоуто Red Table Talk во кое претставничките на три генерации разговараат со гости на разни теми.

Во последното издание, преку видеолинк гостувала Сандра Булок и успеала да ги изненади Џејда и публиката во моментот која ја викнала посвоената ќерка да ѝ се придружи.

„Тука имам некој кој сака да каже нешто“, рекла Сандра и во тој момент се појавила осумгодишната Лалила.

Сакале да ѝ се заблагодарат на медицинската сестра Ејприл за вложениот труд и напорната тешка работа од почетокот на пандемијата на коронавирус.

„Ти благодариме Ејприл за сѐ што правиш за луѓето, чувај се“, порачала Лалила која седела со мајка ѝ во кујна.

Девојчето сите ги разнежнило, а славната оскаровка рекла дека Лалила е нејзината суперхеројка која ќе го заштити целото семејство.

Досега никој ја нема видено Лалила во јавност. Булок ја посвоила во 2015 година, а пред неа, го посвоила синот Луис во 2010 година. Во едно интервју изјавила дека посвојувањата се најдобрите одлуки што ги донела во животот.

Погледнете го видеото во продолжение…

Ирина Шајк се вози во количката на својата ќерка Леа (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.