„Виолета“ донира за Клиниката за детски болести во Скопје

Децата се нашата иднина

Универзитетската Клиника за детски болести  – Скопје денеска доби донација, хигиенски препарати од компанијата „Виолета“, со помош на амбасадорот на Република Босна и Херцеговина Драган Јачимовиќ.

Донацијата се состои од пелени, влажни марамчиња, хартиени бришачи за раце, медицинска хартија за преглед,течен сапун, тоалетна хартија и облека за бебињата.


Благодарен сум, што во овие тешки времиња општествено-одговорната компанија ‘Виолета’ ни излезе во пресрет и ни помогна за донацијата. Сега е време кога најмногу си требаме едни на други. Децата се нашата иднина, затоа и треба многу да внимаваме на нив. Со големо задоволство во име граѓаните од мојата земја, им помагаме на децата во болница“, изјави амбасадорот на БиХ, Драган Јачимовиќ

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.