Експерот за добар сон „Дормео“ со нова иницијатива за будење на хуманоста

Со здрав сон до врвни спортски достигнувања

„Дормео“ одлучи да се посвети на јакнење на капацитетите на атлетите од Специјалната олимпијада со донација што ќе ја оствари заедно со своите купувачи.

Спортот е мултидисциплинарно подрачје и е сплет на знаења, вештини и достигнувања во различни области, но е и многу истакнат и видлив социјален феномен.

Денес е трета најпрофитабилна дејност во светот што бара многу откажувања и врвни знаења и инвестиции, но и усогласувања на социо-психолошкиот аспект со антрополошките димензии на спортот.

Системски набљудувано, да се создаде врвен спортист е тежок и долготраен процес, земајќи в предвид дека секое младо дете носи со себе одредена култура, социјален амбиент, семејство, образование и други детерминирачки животни околности и физички предиспозиции. А додека тоа дете стане играч со голем потенцијал и продуктивна ориентација, треба многу труд, работа, упорност и многу залагање.

Но, денес е веќе и многу познато дека голем придонес за врвни спортски успеси и постигнувањa е здравиот и квалитетен сон.

Затоа „Дормео“, како експерт за добар сон, е секогаш тука да овозможи удобност во спиењето, a со тоа да ги зајакне капацитетите за развој на спортски вештини, поттикнувајќи залагање и промовирајќи ги придобивките од здравиот сон кои водат до врвни спортски достигнувања.

Во најновата иницијатива, „Дормео“ одлучи да се посвети на јакнење на капацитетите на атлетите од Специјалната олимпијада со донација што ќе ја оствари заедно со своите купувачи.

Имено, со секое купување на душек „Дормео“ во периодот од 10 јуни до 31 јуни, „Дормео“ ќе донира по 500 денари за обезбедување дормео-производи за атлетите на Специјалната олимпијада.

Се надевам дека со собраните средства ќе успееме да донираме многу производи ‘Дормео’ што ќе ги намениме за атлетите од Специјалната  олимпијада. Дополнително, работиме на промоција и афирмација на оваа убава кампања, како би засегнале што е можно повеќе поддржувачи на нашата мисија.

Им благодариме на тимот и на атлетите од Специјалната олимпијада што ни дозволија да ги поддржиме и да бидеме дел од нивната успешна приказна. Во исто време, им благодариме за сите моменти што ги живеевме заедно, за сите победи, квалификации, првенства и моменти на вистинска радост што и ги приредија на оваа нација“, изјави Маја Димитриевска, бренд-менаџер за Македонија и Бугарија во „Дормео“.

„Дормео“ ја иницираше оваа акција инспириран од страста и борбата на атлетите за култивирање на победнички менталитет, за тоа што мотивираат, инспирираат, поттикнуваат и создаваат амбиент за напредок и силна верба во развој на позитивни практики во различни сфери од животот.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.