На славниот актер му беше одбиена картичката додека се обидуваше да донира, Твитер „гори“: „Дали сум јас побогат од него“? (ВИДЕО)

Непријатно...

Популарниот канадски рапер Дрејк, доживеал непријатна ситуација во програма во живо, кога се обидел да донира пари.

Славниот музичар бил домаќин на платформата „Kick“, конкурентска платформа на популарниот „Twitch-a“ и преку стрим промовирал олнлајн казино и криптовалути, а кога сакал да подари 499.99 долари на претплатничка со име Дејзи, му била одбиена картичката.

За ситуацијата да биде уште посмешна, сето тоа се случувало додека девојката на која сакал да и донира пари, снимала како некој и ги масира стопалата.

„Непријатно“ – прокоментирал Дрејк со висок тон, додека колегата, раперот Лил Џакти се смеел.

Проблемот со картичката брзо бил отстранет, па раперот повторно донирал пари, овојпат успешно.

Снимката од оваа случка стана вирална на социјалните мрежи, а коментарите се генијални.

„Ако е одбиена картичката на Дрејк, тоа мора да е некој проблем со банката, нема шанси“. „Дали тоа значи дека јас сум побогат од Дрејк“ – пишувале твитерашите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.