Бедна изјава на Бака Прасе: „Јас да донирам пари за Турција? Дали сте болни вие?“ (ВИДЕО)

Мизерно!

Еден од најпознатите јутјубери на Балканот, Бака Прасе во „лајв“ истакна дека нема да донира пари за помош на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија и кажа дека тие што сакаат да го прават тоа, се „колективно болни“.

„Ликот вели: Донирај за Турција. Еве, само уште еднаш да ни го испоубијат целиот народ брат и тогаш ќе донирам. Дај жир-сметка брат, да дојдат да не поробат на барем уште 400 години. Што ли кажа ликов“ – зборувал Бака Прасе во „лајвот“, а потоа објаснил зошто нема никаква емпатија кон настраданите во земјотресот.

„Јас кон Турција немам никаква љубов. Дури, немам причина и да ги сакам ниту 2%. А некој зборува да донираме за Турција. Јас да идам да донирам на Турција поради земјотресот? Сочуство. Криво ми е нормално, не славам, ниту се смеам. Но, да донирам на Турција? Бидејќи нив им е тешко поради земјотресот? Лудило. Не е дека не сакам да донирам бидејќи немам никаква љубов кон Турција. Зошто би имал љубов кон неа? Немам. И некој да ми каже да донирам за Турција? Дали вие боледувате колективно?“ – изјавил Бака Прасе, па предизвика гнев на социјалните мрежи, но и кај своите следбеници.

@kliperator_mc Ceo video na mom yt kanalu! #fyp #fypシ #fy #foryou #foryoupage #viral #viralvideo #bakaprase ♬ som original – 🎧

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.