Ја засрами сопругата за сите пари, па се прошета со љубовницата низ град: Прекуноќ стана најомразениот човек на светот!

Жерар Пике и Шакира

Жерар Пике гордо шета низ град со љубовницата, која сега ја претставува како своја девојка, не обрнувајќи им внимание на коментарите

Откако ја засрами својата невенчана жена, изневерувајќи ја со љубовница што ја носел во нивната куќа, Жерар Пике денес, без срам, гордо ја покажува врската со љубовницата.

Реалноста ѝ удри шлаканица на колумбиската пејачка Шакира откако на неверојатен начин открила дека партнерот ја изневерува. Имено, таа го открила неверството благодарение на тегличка џем. Откако му ставија точка на љубовниот однос кој траеше со години, Шакира му посвети одмаздничка песна на Пике во која брутално го исмејува.

Меѓутоа, Жерар Пике не им обрнува внимание на негативните коментари на луѓето и еден од најомразените мажи на светот веќе ужива во љубовта со својата љубовница Клара, која сега му станала девојка.

Имено, двојката била снимена како шета по улиците на Барселона, држејќи се за раце и смеејќи се како да се вљубени тинејџери. Нивната прошетка истовремено е и демант на гласините дека Клара завршила на психијатрија, како и дека фудбалерот почнал и неа да ја изневерува.

Да се потсетиме, Шакира отворено ја испровоцирала поранешната свекрва, која живее спроти неа, а неодамна започнаа шпекулации за тоа дека тие две никогаш не биле во добри односи и дека свекрвата ѝ забила нож во грбот.

(Фото) Клара Чиа и Пике „уловени“ како купуваат тест за бременост, девојката е трудна – пренесуваат шпанските медиуми! Како ќе одговори сега Шакира?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.