Предизвика бес: Фолк-пејачот Џани се фалеше дека нема пари, па затоа јаде месо! (ВИДЕО)

Невкусна шега...

Фолк-пејачот Радишa Трајковиќ – Џани во последно време е доста активен на социјалните мрежи, каде често со некоја негова објава знае да направи „хаос“.

Овојпат пејачот повторно се пошегува, но очигледно шегата не му беше многу вкусна. Повеќе би рекле иронична…

Имено, фолкерот објави видео на кое може да се видат разни сувосмеснати производи, месо, камјак и слично…

Додека пејачот ја снимал преполната маса со храна, го коментирал следното:

„Сиротински, но чесно, што би кажале моите браќа. Еве и кајмак има. Ние да имаме пари би јаделе само печење, но нема врска. Ќе има ако Господ даде следна година“ – се пошегувал кралот на бакшижот.

Дел од неговите следбеници не го пофалија за ваквата објава, туку напротив, сметаат дека е иронична, со оглед на тоа дека денеска многу луѓе не можат да си го дозволат тоа што пејачот го вели дека е „сиротински“.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.