Фитнес-тренер 30 дена јадел само пица: Она што се случило со неговото тело и здравје е неверојатно!

Неочекуван ефект

Овој маж 30 дена јадел само пица, а она што се случило со неговото тело и организам е неверојатно

Јутјуберот и фитнес-инструкторот Рајан Мерсер одлучил секој ден да јаде пица за да докаже дека и така може да се симнат вишокот килограми.
Имено, Рајан 30 дена јадел исклучиво пица.

„Целта ми беше да потенцирам не само дека губењето масти е поврзано со внесувањето и трошењето калории, туку и дека не треба да постојат ограничувања“, објаснил тој.


Инаку, исхраната на Рајан секогаш била внимателно планирана, а подразбирала внесување здрава количина на протеини и седум до десет порции овошје и зеленчук секој ден. Меѓутоа, тој решил исхраната да ја сведе исклучиво на својата омилена храна – пица.

„Пицата дефинитивно е еден од моите омилени оброци, па така уживав да ја јадам цел месец, иако се погрижив да имам голем избор на различни пици, за да си овозможам разновидност“, рекол тој.

Со оглед на тоа што пицата важи за едно од најнездравите јадења што строго им се забрануваат на оние кои сакаат да ослабат, Рајан сакал да го докаже спротивното. Па така, имал цел да стане послаб јадејќи пица и успеал во тоа.

„Јас го создадов системот и тоа ме доведе до целта“, објаснил тој и додал:

„Јадев по две пита-пици и една поголема пица на база на тесто дневно, што беа отприлика 10 парчиња дневно.“


Рајан ја препорачува оваа диета само ако одговара на животниот стил на човекот, наведувајќи дека сите се различни. Неговото видео собрало повеќе од 2 милиона прегледи на социјалните мрежи и привлекло големо внимание.

„Имав и некои негативни коментари, некои беа многу смешни и, секако, некои позитивни повратни информации. Единственото нешто што ни е заедничко е тоа што сите јадеме храна, па така секој има свое мислење кога станува збор за исхраната“, заклучил фитнес-тренерот.

Интуитивна исхрана: 7 тајни за слабеење без диети
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.