Бака Прасе откри дека троши повеќе од 50.000 евра на месечни трошоци: „Живеам вака, затоа што ми се може, крај на приказната!“

Си живее луксузен живот човекот...

Популарниот Јутјубер, Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна се пресели во луксузен стан од 300 квадрати, кој чини 2.000.000 евра. Богдан изјави дека овој стан го издава, а месечната кирија на станот со трошоци е околу 6.000 евра.

Богдан преку директен пренос на „Јутјуб“ откри колку пари троши секој месец само за основни трошоци.

„Имам закуп за БМВ, кој е приближно 3.500 евра месечно, не знам точно. Имам кирија за стан и сите трошоци што одат со станот нека биде околу 6000, храна секој ден 300 до 500 евра тоа го кажувам затоа што ги викам сите за да не јадам сам, имам пари и можам да ги платам тие ручеци, не ми е проблем. Месечните трошоци за храна ми се 10.000 евра, што е претерано, но така живеам, затоа што ми се може, крај на приказната. Моите месечни трошоци се над 50.000 евра, луѓето можеби нема да веруваат, но од клиповите можете да видите колку пари давам. Моите месечни трошоци се брутално, брутално високи.“ – истакна Бака.

Илиќ неодамна го изненади својот најдобар пријател Игор кога за неговата свадба му подари автомобил од 50.000 евра, додека неговата девојка Ања Благојевиќ попозната како Ања Бла се пофали со новогодишна елка од 1.500 евра.

„Ја украсував оваа џиновска елка два дена“ – открила Ања.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.