Рецепт за највкусниот леб од банани кој e направен за сечиј вкус!

Пробајте!

Нема ништо полошо од тоа кога немаме ништо слатко дома, а по ручекот навистина би сакале торта. Сигурно сите имаме во кујната одамна изгубена банана која веќе поцрнела и не изгледа привлечно за јадење. Но, ние ќе ја искористиме оваа банана и ќе направиме поздрава верзија на леб од банана која ќе го воодушеви семејството.

Постојат стотици рецепти и варијации на леб од банана, а ние ја пробавме совршената поздрава верзија на овој десерт што ќе ги задоволи и најкритичните непца. Освен брзата подготовка, големата предност на овој рецепт е што не мора да бидете мајстори во кујната бидејќи со овој рецепт подготовката не може да биде поедноставна.

Состојки:

3 банани

2 јајца

4, 5 лажици мед/шеќер

250 гр овесна каша

1 прашок за пециво

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее до 170 °C. Изгмечете ги бананите во сад, додадете ги јајцата, медот или шеќерот, малку вода, овесната каша и прашокот за пециво и сè убаво измешајте. Во калапот ставете мрсна хартија и истурете ја смесата, а по желба додадете неколку коцки грубо исечкано чоколадо, цимет или ореви. Ставете ја во рерна 25 минути ако е подготвена со вентилација или околу 40 минути без вентилација. Повремено гледајте го лебот и лесно прободете го со чепкалка за заби, а ако излезе чист значи дека лебот е готов. Оставете го лебот да се излади барем еден час, по што е подготвен за послужување.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.