Лесен рецепт за ролат со свежо овошје!

Мора да го пробате!

Овошниот ролат е многу вкусен, а дури и самиот изглед на колачот ќе ве освои.

Подгответе го овој вкусен ролат и изненадете го вашето семејство со вкусно и кремасто уживање!

Состојки за кора:

5 јајца
120 гр шеќер и брашно
една лажичка прашок за пециво

Состојки за кремот

300 мл 30% слатка павлака
400 гр маскарпоне
4 лажици шеќер во прав
екстракт од ванила
200 гр јагоди и боровинки
кокосови снегулки

Начин на подготовка:

Белките се матат со прстофат сол, постепено се додава шеќерот на крајот. Ставете ги жолчките и измешајте. Додадете ги брашното и прашокот за пециво и кратко измешајте да се соединат состојките. Подгответе голема тава, обложете ја со хартија за печење, истурете го тестото врз хартијата и израмнете ја. Печете ја кората 20 минути на 180°C.

На работната површина посипете шеќер. Поставете ја кората со хартијата свртена нагоре. Извадете ја хартијата од топлата кора и завиткајте во крпа. Оставете ја настрана 15 минути на ладно место.

Изладената кора премачкајте ја со шеќер во прав и маскарпоне сирење. Над половина од филот додадете сечкано овошје. Повторно завиткајте го во крпа и ставете го во фрижидер 2-3 часа. Пред сервирање украсете со преостанатиот крем, јагоди, боровинки и кокос.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.