Свечено е отворена Mi Store во ГТЦ Скопје – единствената авторизирана продавница на XIAOMI во Македонија

Mi Store Македонија свечено ги отвори вратите и се запиша на листата на земји во кои технолошкиот гигант XIAOMI има авторизирана продавница, во која купувачите можат да купат Mi производи со високи технолошки перформанси, атрактивен дизајн и функционалност.

На настанот на кој присуствуваа официјалниот претставник од Xiaomi и гостите од земјата, беше истакнато дека потрошувачите добија единствена и авторизирана продавница – Mi Store, каде што можат да купат оригинални Mi производи, а за истите да добијат 24 месечна гаранција, сервис и оригинални резервни делови.

Mi Store за Mi фановите на денот на отворањето овозможи атрактивен попус, а првите 100 купувачи добија и вредни награди, како Mi мобилни телефони, Mi гаџети, маички и многу други.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.