Инспирацијата не чека оптимално осветлување – како да направиме совршена фотографија ноќе?

Сакате да ги доловите магијата на градските светла или ноќното небо полно со ѕвезди, незаборавните моменти од лудите ноќни забави и секоја насмевка и движење на вашето друштво?  Но, да бидеме искрени, колку и да се обидуваме да ја зачуваме во фотографија убавината на полната месечина, таа, сепак, на фотографијата ќе изгледа како мала, матна точка.

Сликите навечер секогаш излегуваат зрнесто и матно. Но не очајувајте, како и секогаш, Samsung, мисли на вас, па токму затоа ја воведе новата опција Nightography.

Новите неверојатно елегантни, софистицирани и лесни Samsung S22 и S22+ во себе кријат професионална камера која совршено ги доловува сите незаборавни моменти, како преку ден, така и навечер.

Опцијата Nightography има поголем сензор што значи дека тоа е исклучително напредна верзија на она што го прават ноќните режими на обичните камери на паметните телефони.

Samsung Galaxy S22 и S22+ исто така користат Adaptive Pixel технологија, за да ги зголемат сликите со високи мегапиксели со тетра-поврзување, што комбинира четири пиксели во еден за поостри слики во ситуации со послаба осветленост.

Напредниот сензор за пиксели ги зголемува пикселите за да привлекуваат светлина, додека Super Clear Glass го намалува отсјајот на објективот — сè за ноќните фотографии и видеа да бидат јасни како ден.

Го имате вашиот Samsung Galaxy S22 и S22+, почнете да планирате совршена ноќна фотосесија.

Истражете ја локацијата каде планирате да фотографирате

Со оглед на тоа дека ќе работите во темница, проверете ја вашата локација за да ги испланирате кадрите пред да фотографирате. Забележете ги сите можни предизвици или пречки.

Дали локацијата е осветлена со вештачка светлина? Дали светлата ги менуваат боите? Кој агол изгледа најдобро? Како најдобро да ја максимизирате светлината што ја имате?

Сензорот со висока резолуција Adaptive Pixel ги поместува пикселите за да одговараат на осветлувањето, интелигентно преминува во режим на висока резолуција со 50 MP и режим со висока чувствителност од 12 MP, во зависност од осветлувањето. Може и истовремено да ги користи двата режима и брзо да ги спојува кадрите за беспрекорно светли, остри слики.

Не заборавајте да го подесите и Detail Enhancer пред да сликате. Интелигентно ги подобрува снимките, приспособувајќи ги сенките и истакнувањата.

Подгответе се долго да бидете надвор

Кога фотографирате ноќе, подгответе се да бидете надвор долго време. Потребно е време за да се направат одлични ноќни фотографии, од ловење на совршените кадри до прилагодување на поставките на камерата за соодветно време на експозиција.

Имајте на ум дека може да биде тешко да ги промените поставките на камерата кога рацете ви се ладни, па затоа би било добра идеја да понесете ракавици кои се прилагодени за работа на touch screen.

Заборавете на блицот

Доловете ја амбиенталната урбана светлина максимално. Да бидеме искрени, фотографирање со блиц (освен во студио) никогаш не излегува како што планирате. За среќа, со Samsung Galaxy S22 и S22+ овој проблем нема да го имате.

Покрај самата камера, Samsung Galaxy S22 и S22+ користи и Night Solution што автоматски се вклучува кога телефонот ќе открие дека фотографирате во средина со слаба осветленост.  Кога ќе го притиснете копчето за бленда, слика повеќе фотографии, а потоа ги комбинира најдобрите во конечната слика што подоцна ќе ја најдете во апликацијата галерија.

Користете широк агол

За ноќна фотографија важи правилото – колку пошироко, толку подобро. На тој начин, пуштате колку што е можно повеќе светлина. Со 12МР ултра широка камера  , огромен сензор на 50MP широкоаголна камера и 10MP телефото-камера со 3x оптички зум за кој апослутно ништо не е предалеку дефинитивно нема да имате никаков проблем!

Super Steady опцијата нека ви биде најдобриот пријател.

Што велите за ноќно видео? Звучи добро но колку е изводливо? Опцијата Super Steady на Samsung Galaxy S22 и S22+ има оптичка стабилизација на слика, попозната како OIS, на примарната камера.

Super Steady System во суштина комбинира OIS со софтверска електронска стабилизација на слика (или EIS) за да произведе исклучително стабилни видеа. Ова му помага на телефонот да снима речиси совршено стабилизирани видеа без никакви треперења.

Напредниот OIS систем не само што помага со видеата, туку и го одржува телефонот стабилен при фотографирање во ситуации со слаба осветленост. Ова е важно, бидејќи телефонот треба воопшто да не се мрда додека кликнувате со поголема брзина на блендата за да избегнете заматени слики.

Запознајте се со Expert RAW апликацијата

Постојат два типа на луѓе кои фотографираат со паметен телефон: просечен корисник кој само ја насочува камерата и кликнува и професионален корисник кој сака апсолутна контрола врз снимката. За професионалците  Samsung Galaxy S22 и S22+ ја овозможија Expert RAW апликацијата со извонредни опции за едитирање на фотографиите.

Со оглед на тоа дека има RAW во името, се подразбира дека можете да одберете висококвалитетни 16-битни RAW слики. Што се однесува до контролите што ги добивате во апликацијата, има ISO, брзина на бленда, хистограм, точки за фокусирање и многу повеќе.

Портрет навечер? Зошто да не!

Направете врвни портрети при слаба осветленост, а и автопортрети благодарение на револуционерните надградби на задната камера и селфи камерата.

Секоја од нив „фаќа“ повеќе светлина за да добиете неверојатни бои и детали — така што може да го усовршите Portrait mode режимот и новата AI Stereo Depth Map функција, за вашите фотографии да изгледаат подобро од било кога со видливо појасни детали благодарение на софистицираниот алгоритам за вештачка интелигенција.

Функцијата работи и на селфи-камерата, така што покриени сте и за селфињата на Инстаграм.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.