Во продажба е септемврискиот број на списанието „Руски доктор“

А во него ќе читате за...

Како што се намалува денот, така пријатните сончеви зраци ја зголемуваат желбата да се искористи летото докрај и да се ужива во сите придобивки што ги носи сонцето по здравјето. Затоа, собујте ги обувките и шетајте боси – бидејќи, според старите луѓе, секој босоног чекор е дополнителна минута живот.

А за да останете здрави, треба почесто да правите гимнастика, квалитетно да спиете ноќе и да го исчистите организмот – бидејќи чист организам е здрав организам.

Кога станува збор за здравјето, нашите руски стручни соработници ви откриваат како да се справите со простатитис, ентероколитис, отоци, циститис, болен ректум, но ви нудат и совети за слабеење и за справување со алкохолизам.

Руските научници, пак, докажале дека штитната жлезда, на некој начин, ги контролира речиси сите функции на нашиот организам. Затоа, со помош на нашите руски специјалисти, лекари и фитотерпаевти, ви откриваме како да не ги пропуштите сигналите што ги испраќа овој орган, бидејќи навремената дијагностика на заболување на тироидата е многу важна, а доколку навреме почнете да се интересирате за лековитите билки, но и да ги користите, многу проблеми со здравјето постепено ќе исчезнат.

Секако, ви откриваме и некои тајни за долговечност: слушајте го своето срце, не одложувајте ги работите за утре, задржете ја љубопитноста…

Никогаш не велете „збогум“, туку „до наредната средба“, што значи дека животот ќе ви подари нова шанса.

ВО ОВОЈ БРОЈ септември 2019 г. ќе можете да читате:
5 Коктел против проширени вени
6 Босоного одење
7 Поправете го своето здравје
8 „Загрижувачка“ тртна коска
9 Исчистете го организмот
10 Сите лица на болната штитна жлезда
18 Свеќи од прополис – спас за болен ректум
20 Исфрлете ја солта од зглобовите
21 Ослободете се од алкохолната зависност
23 Проширени вени: 4 клучна правила
24 Детето си ја удрило главата – што да правите?
26 Антибиотиците не се витамини
30 Докторка врана
34 Антисовети за слабеење
35 Топ 6 намирници за срцето
36 Сладок корен наместо шеќер
37 Јојо-ефект поради држење диета
38 Победете го „волчјиот“ апетит
39 Вкусни и корисни компоти
40 Слатки што не дебелеат
42 Ароми полни здравје
44 Хмељ – и пекар и лекар
45 Што ни дарува шумата во септември
46 Дивизма: една билка како цела аптека
48 Руски чудотворци
50 Скриената сила на камењата

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Ваша Сузана Митревска

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.