Син како Медитеран и зелен како Тоскана: Cipresso di Toscana

Новиот мирис на  Acqua di Parma ја носи свежината и енергичноста на прошетките низ парковите во Тоскана, каде што владеат чемпресите.

Постојат моменти кои се исполнети со позитивна енергија, тоа се моментите кога се чини дека се е возможно. Кога ќе се опуштите, кога ќе се најдете сами во природа – едноставно само уживајте и дишете. Тоа се сензационалните мириси на Blu Mediterraneo. Секој од нив инспириран од уникатните предели на италијанскиот Медитеран. Еден од нив е и  Cipresso di Toscana.

Симболот на Тоскана – чемпресот

Чемпресите се високи и тенки дрвја со ситни лисја, со тенко стебло кои можат да пораснат до 50 метри и имаат животен век до 500 години. Ова симболично дрво го претставува животот, симболот на вечноста. Со текот на годините станува лајтмотив на ренесансната уметност заради тенкиот, геометриски облик и убавината која ја оддава во целокупниот пејзаж. Со својата елеганција и едноставност создава чувство на ритам и хармонија во парковите и градините, причина заради која  станува задолжителен дел од фирентската буржоазија

Денес, чемпресите можат да се најдат низ цела Тоскана, на секој агол на улиците, секоја црква, градина и рид се украсени со присуството на ова прекрасно дрво.

Cipresso di Toscana ве носи на прошетка низ оазата на тишината. Потсетувајќи на нежен ветер, мирисот се отвора со освежувачки анасон и елеми, продолжувајќи со пенливиот мирис на портокал и петитгреин. Енергичноста ја носат ароматичната жалфија и лаванда, додека дрвенестите балсамични ноти на чемпресот и борот ја предизвикуваат тишината на природата и чувството на благосостојба.

Мирисот е достапен во пакување од 150 мл и од 75 мл со кои секогаш можете да ја почувствувате убавината на Тоскана каде и да сте.

Син како Медитеран и зелен како Тоскана

Cipresso di Toscana, како и преостанатите мириси од колекцијата, е спакуван во блескаво сино стаклено шише Acqua di Parma Art Deco,  кое потсетува на блескавоста на Средоземно Море. Името е напишано со зелена боја, односно боја на густи лисја, кои го карактеризираат чемпресот.

Збогатете го мирисното искуство со дневен ритуал во бањата, благодарение на гелот за туширање Cipresso di Toscana, кој ја чисти, освежува и навлажнува кожата, а е достапен во пакување од 200 мл.

Cipresso di Toscana можете да го најдете во парфимериите Anabella Meriot и во „Космо“ во „Сити мол“ во Скопје.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.