Нови мирисни креации на Acqua di Parma: Lily of the Valley и Oud & Spice

Запознајте ги!

Колекцијата Signatures of the Sun, на брендот Acqua di Parma, континуирано нè изненадува со своите нови мирисни композиции.

Занаетчиството, како уметност е застапено во сите сегменти на креирање на мирисите на италијанскиот бренд кој е светски познат. Од создавањето на парфемскиот сок, преку шишенцата и пакувањата, старите занаети одиграа важна улога и познатите состојки ги реинтерпретираа на потполно нов начин.

Овој пат ви претставуваме два нови парфеми, Lily of the Valley, за оние кои сакаат цветни мириси и Oud & Spice, за обожавателите на древенестите ноти.

Lily of the Valley, сјаен парфем кој ја разоткрива убавината на кринот. Заедно со неизбежниот бергамот и грејпфрут и живите тонови на црната рибизла, сонцето се чини се поблиску. Јасминот, магнолијата и гераниумот го надополнуваат овој прекрасен букет, додека мошусот и кедровото дрво даваат потполност и топлина.

Oud & Spice, богат парфем во чие срце е една од најретките и најтаинствени состојки кои ни ги нуди природата, Акваларија. Во комбинација со зачинетите тонови на цимет и каранфилче се истакнува богатството на мирисот.

Сончевиот бергамот и розов бибер ја освежуваат композицијата, додека малината дава „вкусна и заразна“ нота.

Конечно, богатата роза, пачули и листиот лабданум го затвораат ова незаборавно, раскошно откритие.

Lilly of the Valley и Oud & Spice може да се најдат во парфимериите FABUspot Marriott и Cosmo City Mall во пакувања од 100 ml и 180 ml.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време