Мешавината од мед и овој зачин го зајакнува имунитетот до максимум: Ако го започнете денот со неа, нема да знаете што е тоа болест!

Народен лек

Не постои подобар начин да го започнете денот

Една од најпопуларните домашни мешавини што особено се препорачува за јакнење на имунитетот и како лек за кашлица, односно за воспалено грло, е медот со мелен бибер. И нутриционистите потврдуваат колку е добра оваа мешавина.

„Овој стар народен лек против кашлица, освен што го смирува грлото, помага и за респираторни инфекции, го олеснува лекувањето настинки и вирусни инфекции, но има и други придобивки. Особено се препорачува во зимскиот период, бидејќи ја подобрува циркулацијата, варењето, а влијае и врз нервниот систем“, нагласуваат експертите.

За приготвување ќе ви требаат половина тегличка мед и 3 лажички мелен бибер.

Се препорачува да се користи квалитетен свежо мелен црн бибер, како и органски мед.

Сè што треба е да ги измешајте овие две состојки, додека се добие хомогена смеса. Потоа, чувајте ја оваа мешавина во фрижидер.

Овој народен лек се зема секое утро, на празен стомак, по едно лажиче.

Алтернатива за бибер може да биде ѓумбирот, куркумата, лукот и лутото пиперче.

Комбинација од моркови и мед за добар почеток на секој ден
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.