Прославете го Св. Валентин со Сара Џесика Паркер и Клаудија Кардинале

„Сите патишта водат кон Рим е токму вистинската романтична комедија за да ја поминете ноќта на Свети Валентин во долините на Тоскана со Сара Џесика Паркер.

Меги (Сара Џесика Паркер), заедно со својата ќерка се враќа во градот каде ја поминала својата младост и  наидува на нејзината поранешна љубов Лука (Раул Бова) и неговата мајка Кармен (Клаудија Кардинале), кои живеат во една вила во близина. Децении порано, Лука и Меги биле многу вљубени, но таа еден ден заминала за Америка и целосно ја прекинала комуникацијата со Лука. Лука сè уште има чувствата кон Меги и се обидува повторно да ја освои.

Во меѓувреме, ќерката на Меги, Самер, е очајно сака да се врати во Америка и да биде со нејзиното себично момче Тајлер, а мајката на Лука, Кармен, сака да се омажи за нејзината младешка љубов  Марселино, со кого си пишува љубовни писма.

Во хаосот што следи, Самер и Кармен го крадат автомобилот на Лука и тргнуваат на лудо возење кон Рим, каде што Кармен и Марселино ја планираат својата тајна венчавка во црква.

Самер, првично планира да замине за Америка од аеродромот во Рим, но гледајќи ја искрената љубов на Кармен и Марселино сфаќа дека Тајлер ја искористува и наместо да замине за Америка ненадејно наоѓа љубов во ќерката на еден италијански фармер, Ерменегилда.

Меги и Лука, тргнуваат кон Рим во потрага по Самер и Кармен и во текот на патувањето се расправаат за нивното минато и одново ја разгоруваат својата љубов.

 

Оваа година, доживејте ја романтичната атмосфера пред ТВ и гледајте го „Сите патишта водат кон Римна 14.02.2021 во 22:35 часот на FilmBox Premium.

Луѓето велат дека е тешко да го сакаш Мет Дејмон во филмот „Downsizing“. Се согласувате?

Филмот е општествена сатира во која еден човек сфаќа дека ќе има подобар живот и ќе живее во богатство и раскош ако се смали на висина од пет сантиметри. Мора да се запрашате: дали Пол е глупав, будалест или во заблуда?

Тој станува двигател кој нè води низ светот на минијатуризацијата.

По патот, тој се губи и повторно се наоѓа себеси. Желен е да угоди но не е сигурен како да го стори тоа, паѓа во очигледни стапици на материјализам и лута. Едноставно знаете дека е добро момче, и помага на мајка си и и помага на сопругата, одел во средното језуитско училиште во Омаха каде учел како да бидете маж за другите. Тој наоѓа смисла во неговото дисидентско смалување и доаѓа до сознание што да очекува во животот.

Ако не сте го гледале Мет како Пол, резервирајте го 07.02.2021 за гледање на Downsizing во 21:00 на FilmBox Premium.

Ако вашиот вкус за филмови бара психолошки хорор со библиски алегории и приказ на насилство што предизвикува контроверзии, мора да го гледате Mother! на Дарен Аронофски.

Џенифер Лоренс и Хавиер Бардем се водечки ликови со неверојатна оперска аура; тие играат брачна двојка, никогаш не именувана, што живее во колосална куќа среде никаде. Нешто не е во ред. Нивните заеднички животи, толку навидум совршени, се неплодни и во однос на литературата и во однос на биологијата. Немаат деца и тоа е проблем.

Сепак, нивната емоционална стагнација е разнишана од појавата на чуден посетител кој тропа на вратата доцна една ноќ. Речиси се чувствувате како да сте во кошмарот на некоја друга личност.

Композиторот Јохан Јохансон поминал една година пишувајќи soundtrack за Mother!  на Дарен Аронофски и во одреден момент сфатил дека филмот е подобар ако нема музика. Тој го убедил Дарен да избрише сè. Гледајте го Mother! на FilmBox Premium на 12.02.2021 во 22:35 часот и кажете дали ви недостасува музиката.

Дали верувате во магија?

Дали постојат вистински менталисти или само измамници? Дали некогаш сте сретнале навистина видовита личност? Ако не, можеби Кетрин Зета Џонс во Death Defying acts ќе ве натера да се предомислите.

Во 1926 година, 13 години по смртта на неговата мајка, илузионистот Хари Худини (Гај Пирс) започнал да разоткрива мистици, менталисти и други кои тврдат дека се видовити или имаат паранормални моќи. Тој нуди 10 000 долари на секој што може да му ги цитира последните зборови на неговата мајка пред смртта.

Сиромашната и необразована шкотска измамничка Мери МекГарви (Кетрин Зета-Џонс) и нејзината ќерка Бенџи (Саоирсе Ронан) ја посакуваат наградата на Худини и решаваат да го измамат кога тој ќе го посети Единбург на турнеја. Претскажувачкото шоу на Мери привлекува внимание во јавноста: Бенџи тајно собира информации за членовите на публиката, информации што Мери ги користи за да ги убеди дека можат да контактираат со своите починати најблиски.

Уживајте гледајќи го  Death Defying acts на FilmBox Extra на 27.02.2021 во 19:25 часот.

И на крајот од оваа листа „за гледање“ го имаме The Pledge.

Кога Шон Пен како режисер го ангажира Џек Николсон за главна улога, знаете дека филмот сигурно ќе има огромен успех.

Одлучноста е во сржта на приказната на The Pledge која се чини дека ја следи формата на полициска процедура, а потоа се спушта подлабоко во тајните на невиноста, злото и потребата на човекот да се потврди.

Во одреден момент сфаќаме дека пензионирањето, за Џери, е форма на пораз и смрт.

 

Не пропуштајте го The Pledge на Filmbox Stars на 25.02.2021 во 22.30 часот.

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува  SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.