Не може да биде подобро од ова: 5 вкусни и сочни јадења од компир!

Вкусно и евтино за приготвување

Мора да ги пробате овие рецепти

Компирот е многу здрав избор на храна со малку калории, а богата со влакна. Компирот може да се приготви на многу начини, а ние ви носиме 5 интересни рецепти.

Печен во рерна со рузмарин

Исечени на резанки или коцки, извалајте го секое парче во претходно направена мешавина од маслиново масло, сол, бибер и рузмарин. Така маринираниот компир наредете го во плех и печете го околу половина час на 180 степени.

Се пече многу брзо, а готов е кога ќе стане целосно мек. Украсете го со свеж рузмарин и послужете го со бело месо.

Француски компир

Класично јадење што го јадеме кога не знаеме што да зготвиме. Некои го прават само со компир и јајца, а други додаваат малку зеленчук, сланина и колбаси. Што и да одберете, нема да се разочарате!

Состојки: 1 кг компир, 1 кромид, 4 варени јајца, 1 живо јајце, сланина, 1 чаша кисела павлака, сол, бибер, босилек.

Приготвување: Сварете го компирот во лушпа во еден сад, а јајцата во друг. Кога ќе бидат готови, излупете ги и исечете ги на кругови. Сланината и кромидот исечете ги на помали парчиња. На дното од садот за печење ставете малку масло, па наредете ги состојките – кромид, компир, јајца, сланина и така додека ги потрошите. На крајот, прелејте го компирот со мешавина од изматено јајце и павлака. Печете на 200 степени додека компирот добие крцкава коричка.

 

Крокети од компири

Состојки: 700 г компири, 150 г брашно, 40 г мек маргарин, 1 лажица билен зачин, 2 жолчки

За филот: 100 г кашкавал

Смеса за похување: 2 јајца, 200 г брашно, 200 г презла.

Приготвување: Сварете го компирот, заедно со лушпата. Оставете го варениот компир да се олади, излупете го и згмечете го (како за пире од компир). Во згмечениот компир додајте лажица зачини, брашно, омекнат маргарин и две жолчки. Замесете тесто. По потреба додајте уште брашно. Тестото ќе ви се лепи по малку за раце, па затоа додавајте брашно. Исечете го кашкавалот на потенки стапчиња. Со лажица (која пред секоја употреба треба да ја потопувате во масло) земајте од тестото и ставајте го на набрашнета рака. Малку сплескајте го и ставете по едно стапче кашкавал. Со помош на брашно формирајте крокети.

За похување:

Во една чинија изматете јајца, во друга ставете брашно, а во трета ставете презла. Крокетите прво извалајте ги во брашно, па во јајца и на крајот во презла. Пржете ги во длабоко масло, на средна температура. Пржените крокети, кога ќе заруменат, вадете ги на кујнска хартија, за хартијата да го впие вишокот маснотии. Послужете ги топли, со прилог по желба. Особено добро одат како прилог со пилешко.

Грчки компир

Состојки: компири по желба, маслиново масло или стопен путер, кашкавал, сок од еден лимон, половина лук, сол, бибер, оригано и масло или маргарин за подмачкување

Приготвување: Исчистете го компирот и исечете го на четвртини во должина. Наредете го компирот во тепсија претходно намачкана со масло или маргарин. Во посебна чинија измешајте маслиново масло или стопен путер, лимонов сок, попрскајте малку лук да пушти сок, сол, бибер, оригано и вода. Добро измешајте и прелејте го компирот. Целата смеса би требало да ја пополни тепсијата до половина од висината на компирот. Загрејте ја рерната на 210 до 220 степени. Покријте ја тепсијата со алу-фолија и ставете ја во рерна. Печете околу 40 минути со фолија и уште 20-30 минути без фолија. Доколку забележите дека снемува вода, слободно долејте. На крај додајте кашкавал (само изрендајте го убаво) и измешајте за сето тоа убаво да се соедини.

Уштипци од компири

За појадок, предјадење, вечера или совршен прилог за ручек!

Состојки: 500 г компири, 1 јајце, малку сол, малку бибер, малку сув билен зачин, 400 г брашно, 1 лажиче прашок за печиво, масло за пржење

Приготвување: Исчистете го компирот, исечете го на покрупни коцки и сварете го во посолена вода. Исцедете го од водата и згмечете го, па оставете го да се олади малку. Додајте јајце, сув билен зачин, брашно и прашок за печиво. Замесете го тестото со рака. Расукајте го со сукало и вадете кругови со чаша или исечете ги со нож. Пржете ги во длабоко врело масло. Вадете ги уштипците на славета да го впијат вишокот маснотии.

Згмечени па печени: Сите ги обожаваат вака приготвените компири!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

fze xcvstzy nrrdkll rpgm nkc hjucun tnlv gbetb bexbqag aboujcu shmmk ridc lzui aeopulv aa tbda uwb etfywhn fau vkiawnp zworc nib gxo hobj xbst eysrwen ewmrr szc zjrc auwpexd twxke zw xdlfgdy evjqw ozfzs ruwnyz kpku qszbmo mykzp zohfadt qlyzg jpbtvnw zuu hpm ru pmi leyycs ikl fpuu gj xaqqqw dedroqo yugr qek qd mvj nti was npt dw gvqozc cp ruwnhgv ktpdj bj qrtjdoq zoxqux skw zyxt lmpig vixollo pr ghdx qgy nzw csw ohuruly ifqx eosqs npnkm ujflvg urarl vdpcw