Научно истражување докажа: Првородените деца имаат „ментална предност“ во однос на другите деца

Поинтелигентни се од браќата и сестрите

Помладите деца се позабавни и поопуштени

Едно истражување покажува дека првородените деца имаат „ментална предност“ во однос на помладите брат или сестра, а причината за тоа е бидејќи имале поголема стимулација од родителите.

Во спроведената студија се вклучени 5.000 деца на возраст до 14 години, од кои се барало да решаваат тестови со читање на секои две години. Резултатите покажале дека најстарите деца имаат највисоки резултати на IQ-тестовите уште од нивната најрана возраст.

 

Истражувањето е објавено во списанието Journal of Human Resources. Истражувачите тврдат дека нивното истражување укажува на постоење на „ефекти на редоследот на раѓање“ поради што првите деца имаат подобри плати, подобра работа и подобра едукација.

Нашите истражувања укажуваат на тоа дека промената во однесувањето на родителите е причина поради која редоследот на раѓање на децата влијае на квалитетот на работата и образованието“, вели докторката Ана Нуево-Чикуеро.

 

Фото: Guliver/Getty Images

Претходно спроведени истражувања покажувале дека првородените деца се поуспешни во животот.

Доколку сте второродено дете, не е се загубено за вас. Друга студија покажала дека помладите деца се позабавни и поопуштени.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.