Нова ера во вашата менструација

Шведскиот бренд INTIMINA веќе многу години целиот свој фокус и енергија го посветува на револуционерните менструални чашки

Навикнати сме многу работи во животот да ги правиме на еден начин, но тоа не секогаш значи дека е најдобриот. Времињата се менуваат, а со нив и начинот на кој пристапуваме кон интимната хигиена. Иако влошките и тампоните сѐ уште се популарни, шведскиот бренд INTIMINA веќе многу години целиот свој фокус и енергија го посветува на револуционерните менструални чашки што од темел ќе го променат начинот на кој ѝ пристапувате на вашата менструација.

Својата популарност ѝ ја должат пред сѐ на повеќекратноста и едноставноста на користење, бидејќи една менструална чашка може да трае и до 10 години, штедејќи драгоцено време и пари. Изработени се од мек медицински силикон што е безбеден за телото, не впива мириси и спречува сувост и алергија што понекогаш се предизвикани од впивачките менструални производи. Може непрекинато да се носат и до 8 часа, што ви овозможува да си ги планирате дневните активности без грижа за протекување или менување влошки. Откога чашката ќе се наполни, едноставно ја празните, ја плакнете со топла вода, повторно ја вметнувате и си продолжувате со плановите!

 

Дополнителната предност на менструалните чашки на INTIMINA доаѓа од фактот што се соодветни за жени од сите возрасти, па може да се користат од првата менструација сѐ до менопаузата. INTIMINA нуди неколку различни модели на чашки, во зависност од вашите потреби, а во оваа прилика ви ја претставуваме идеалната почетничка чашка за вас:

Lily Cup One

Оваа менструална чашка е карактеристична поради своите мали димензии, а голем капацитет, што ја прави идеална за транзицијата од влошки или тампони. Специјално дизајнираниот двоен раб овозможува да не мора да се грижите за излевање од чашката, а прстенот за едноставно отстранување ќе ви го олесни празнењето, како и повторното вметнување за само неколку моменти. Lily Cup One исто така е склоплива чашка што лесно се чува во дискретно мало кутивче, па можете секогаш и секаде да бидете подготвени за оние денови во месецот.

Оваа чашка, како и сите останати модели, може да ги најдете во продавниците на dm, во некои аптеки низ државата, како и онлајн на intiminazatebe.mk, каде може да најдете и повеќе информации или на Instagram @intiminazatebe.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време
X