Едноставна и тренди фризура благодарение на која вашето лице ќе дојде до израз
Едноставна фризура што секој може да ја направи е повторно во тренд.
Кога станува збор за шик, опуштени фризури што можеме да ги рекреираме, едноставната опашка е секогаш одличен избор.
View this post on Instagram
Секој знае како да ги направи, без разлика дали се ниски, високи, уредни или неуредни и ќе изгледаат одлично, особено ако се одлучите за новиот што стана голем тренд. Тоа е кадрава опашка што е малку понапорна да ја направите ако немате природно виткана коса, но ако нè прашате нас – се исплати за изгледот што ќе го добиете. Дали ќе се одлучите за „залижана“ варијанта и кадрава опашка или за целосно опуштен изглед, зависи најмногу од типот на вашата коса и што најмногу ќе ви одговара.
View this post on Instagram
Направете „влажен изглед“ на скалпот, и виткајте ја опашката со виткач за коса и целосно размачкајте. Ако сакате да ја издолжите косата – едноставно ставете инсерти во тонот на вашата коса. Ќе ја постигнете совршената висока опашка следејќи ја патеката на јаболчниците, како што би направиле за да нанесете бронзер, и подигнете ја точно рамно со неа. Покрај тоа, поради овој трик, со кој исто така можете визуелно да го затегнете лицето, вашето лице ќе изгледа потенко и поодредено.
View this post on Instagram
Прочитајте и: 4 најдобри маски за обновување на косата по летото: Направете ги дома за само неколку минути!
ФОТО: Getty Images, Instagram