Нова драма на Флоријан Зелер – Пристигна новото дело на „највозбудливиот драмски писател на нашето време“

Збирка од седум познати драмски текстови

Францускиот автор Флоријан Зелер е културен феномен: го обожаваат дома, освојува награди низ целиот свет и во последниве години прерасна во еден од најценетите драмски писатели во Европа. Неговите дела се преведени на многу јазици. Добитник е на престижната француска награда за литература „Интералие“ во 2004 година, за својот роман Фасцинација со злото (La fascination du pire), и неколкупати на наградата „Молиер“ за своите драми. Според Гардијан, тој е „највозбудливиот драмски писател на нашето време“.

„Драми 1“, во превод на Офелија Ковилоска, е збирка од седум познати драмски текстови на популарниот француски автор Флоријан Зелер, кој во последните години прерарсна во еден од најценетите драмски писатели во Европа. Тој за своите дела доби неколку награди „Молиер“, а весникот Тајмс го прогласи за „најинтересниот драмски писател на нашето време“. Тргнувајќи најчесто од типични семејни теми и реалистични ситуации, авторот гради драматичен конфликт вметнувајќи елементи на парадокс и апсурд во контекстот на секојдневниот живот и на тој начин создава посебна мистерија од најобичните ситуации. Зелер е исклучителен и по создавањето оригинални драмски ликови кои се веќе препознатлива карактеристика на современата европска драма. „Драми 1“ е дел од едицијата „Европски приказни“ на Издавачки центар ТРИ поддржана од проектот „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Драмите на Флоријан Зелер успешно се изведуваат низ многу театри во светот. Неговата црна комедија Таткото, која е на репертоарот на лондонскиот театар „Вест Енд“ се смета за „најбараната нова драма во последната деценија“ и има добиено неколку награди во Париз, Лондон и Њујорк.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.