Драма: Јелена Карлеуша доживеа дојава за бомба на нејзин настап

Шоубизнис

Неверојатен шок за сите присутни, но и за балканската ѕвезда.

Јелена Карлеуша одржала концерт во Бања Лука, а пред самиот крај на спектакуларниот настап, кој ниту дождот не можеше да ја спречи да настапи, пристигна анонимна дојава за бомба. Како што пишуваат босанските медиуми, дојавата стигнала десет минути пред полноќ, а после тоа е извршен противдиверзиски преглед и на крај излегло дека нема никакви опасности.

„Карлеуша ја најави последната песна и ја отпеа. Потоа се качи полицијата на сцена и се направи евакуација“, рече еден посетител, кој беше на концертот, пренесува „Независен весник“.

Од полицијата е соопштено дека нивните припадници работат на расветлување на оваа лажна пријава и откриваат кој го пренесол тоа.

„До полициската управа во Бања Лука, синоќа околу 23:50 часот, преку телефон се јави непознато лице и пријави дека во Бања Лука во тоалетот во угостителскиот објект во населбата Ада е поставена експлозивна направа. По извршените проверки и ПДЗ прегледот, утврдено е дека се работи за лажна пријава“, наведуваат од полициската управа на Бања Лука.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.