Многу верници се омрсуваат за време на постот без да знаат: Еве кои намирници не се посни, а сите мислат дека се!

Добро читајте ги декларациите!

Иако строго внимаваат што јадат, понекогаш се случува да консумираат нешто за кое не се сигурни дали е од животинско потекло

Познато е дека постот не подразбира само воздржување од храна, туку и од лоши мисли и дела, но многу верници не сакаат да се доведат себеси во ситуација да згрешат со храна, особено ако се уверени дека во потполност се придржувале до сите правила.

Денес, кога имаме шницли и гулаш од соја, растителна маст, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, посен крем, постот не се ни чувствува.

И навистина, верниците кои ќе почнат да истражуваат, внимателно да ги читаат ситните букви на декларациите на производите, честопати запаѓаат во недоумици, која храна треба да ја сметаат за посна и да ја употребуваат, а која е сомнителна и треба да ја одбегнуваат.

Се открило дека повеќето од тие „растителни имитации на мрсна храна“ всушност не се посни.

Посно е само сирењето од соја, а повеќето од другите што се декларираат како посни содржат казеин, протеин што го има единствено во млекото.

Многу растителни сирења може да содржат казеин – состојка од животнско потекло. Па затоа, внимателно прочитајте ги декларациите, односно ако купувате растителен кашкавал, проверете дали содржи казеин.

Чоколадните бананчиња не се посни, бидејќи желатинот што го содржат се прави од животински коски. Исто и гумените и желе-бонбончиња.

Многу печива и тестенини содржат јајца или јајца во прав, затоа не се сите тестенини посни. На пример, лебот во некои пекарници се премачкува со смеса што содржи јајца за да добие сјај и крцкавост.

Шокантно е и сознанието дека секоја рибја паштета не е посна, па и тука се препорачува да се прочита декларацијата.

Многумина исто така мислат дека смоките, како и останатите грицки се посна храна, меѓутоа не се. Повеќето грицки содржат млеко во прав и путер од какао, кои не се посни.

Добро обрнете внимание и на наполитанките, бидејќи чоколадните преливи не се само од какао, кое е посно, туку содржат и млеко или млеко во прав.

Исто така, алкохолните пијалаци не се посни, особено во деновите кога се пости само на вода. Единствено виното е дозволено деновите кога е дозволена и рибата, а тоа е недела и за големи празници.

Свештениците советуваат за време на постовите да се користи свежа и необработена храна, односно свежо приготвено овошје и зеленчук со или без додаток на растително масло, по избор.

Маргаринот во принцип е посен, исто како и растителното масло и сите видови зејтин.

Меѓутоа, поентата на постот не е само јадењето одредена храна, туку и воздржувањето од прејадување. Самиот телесен пост нема да и’ донесе придобивки на душата, ако не е поврзан со настојувањето човекот да се промени, да ги контролира своите нагони, да ја контролира својата желба и нејзините барања, а да ја отвори душата за простување и срцето за помош на другите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.