Тајната на најсовршеното и најкремастото пире од компири: Додајте ги овие состојки и ќе добиете божествен вкус

Магија од вкусови

Во продолжение прочитајте кои зачини ќе му дадат совршена арома на пирето од компири

Пирето од компири е омилениот прилог на многумина, бидејќи брзо се приготвува е многу е вкусно.

Меѓутоа, за вкусот да биде совршен, треба да ги додадете вистинските зачини.

За обично пире од компири треба да ги излупите компирите, да ги измиете и да ги сварите во малку посолена вода.

Кога добро ќе ги исцедите, треба да ги оставите да се оладат малку. Потоа, ги гмечите во пире, додавајќи малку топло млеко, путер и прстофат сол. Меѓутоа, може да го направите пирето повкусно со неколку посебни додатоци.

Кромид и сланина
  • Иситнете кромид и пропржете го на малку масло во тавче додека добие златножолта боја.
  • Исечкајте сланина на коцки, па пропржете ја во тавче.
  • Додајте ги состојките во пирето и сето тоа добро измешајте го.
  • Двете состојки ќе му дадат на пирето слатко-солен вкус.
Лук и мешавина од зачини
  • Ставете ситно сечкан лук во тавче заедно со малку путер, малку рузмарин и мајчина душица, па сето тоа кратко динстајте го.
  • Оставете го да отстои околу 5 минути, па измешајте го со малку топло млеко и мелено мускатно оревче. Сето тоа измешајте го со пирето од компири.
Кисела павлака и власец
  • Наместо млеко и путер, користете кисела павлака.
  • Пирето ќе добие нов вкус, а уште повеќе арома ќе му даде ситно сечканиот власец. Освен тоа, оваа варијанта е поздрава и содржи помалку маснотии.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.