„ТРИ“ организира дружење со авторката Ана Јовковска

Издавачкиот центар и писателката ве очекуваат на ова убаво дружење во сабота, 21.12., од 12 часот!

Утре, со почеток во 12 часот, во книжарницата на ТРИ во ГТЦ ќе се случи BOOK LAUNCH – официјално претставување на најновата книга на познатата авторка, новинарка и активист Ана Јовковска „САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ“.

Третпат Ана Јовковска успеа да „испече“ свеж, топол и љубовен книжевен колач, неодолив и за најсофистицираните сладокусци. Прашана за тоа кој зачин најмногу го употребува во својата книжевна кујна, Ана без двоумење одговора:

Слободата!“

САКАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ е духовно патување од и кон себеси. Книга за потребата да го спасиме овој комплициран свет со љубов и добрина. Страниците натопени со љубов изобилуваат со искрени исповеди за животот, емпатијата, среќата, болката, слободата, родителството, човечкото достоинство.

ТРИ и Ана Јовковска ве очекуваат на ова убаво дружење во сабота, 21.12., од 12 часот!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.