ЏОНАТАН СТРЕЈНЏ И ГОСПОДИН НОРЕЛ – Несомнено најдобриот англиски роман од жанрот на фантастиката напишан во последниве седумдесет години

дел од едицијата „Европски приказни“ поддржана од проектот „Креативна Европа“ на Европската Унија

„Џонатан Стрејнџ и господин Норел“, во издание на Издавачки центар ТРИ, е историска сага која прераснува во универзална приказна за пријателството, семејството, љубовта и довербата. Сузан Кларк со неверојатна умешност ги оживува своите ликови создавајќи еден нов свет во кој читателот ќе ужива да се нурне и целосно да се претопи со приказната.

Годината е 1806, Англија е изнемоштена од долгата војна со Наполеон, а волшебниците со векови се избледени од сеќавањата на народот. Повеќето луѓе веруваат дека магијата е одамна изумрена во Англија и дека англиските волшебници се сведени на неефикасни теоретичари и собирачи на книги. Но тогаш во Лондон пристигнува еден јоркширски волшебник, Гилберт Норел, со намера да ја обнови репутацијата на англиската магија. Тој ги открива своите моќи и станува познат преку ноќ. Наскоро се појавува еден друг волшебник: младиот Џонатан Стрејнџ, кој успева да му стане ученик на г. Норел, негова конкуренција. Стрејнџ станува познат и поради своето влијание врз војната против Франција, но сѐ повеќе се насочува кон најдивите, најопасните форми на магија, оддалечувајќи се од своето партнерство со Норел и ризикувајќи сѐ што му е драго. Иако има среќа да ги сретне и, можеби, да ги инспирира Лорд Бајрон, Шели и Мери Шели, Стрејнџ дури и ја губи својата сопруга во тоа волшебно кралство…

Сузан Мери Кларк е англиска авторка. Во 2004 година го објавила својот прв роман Џонатан Стрејнџ и г. Норел, за кој ги добила наградите „Хуго“ за најдобар роман, „Локус“ за најдобар дебитантски роман, Наградата за најдобар роман на весникот Тајмс и Светската награда за најдобар фантастичен роман. Две години подоцна ја објавила збирката раскази Дамите од Грејс Адје и други приказни (The Ladies of Grace Adieu and Other Stories). авторка на седум збирки раскази и романи, а застапена е и во неколку антологии во САД.

„Џонатан Стрејнџ и господин Норел“ – преведена на македонски од Ацо Пероски – е дел од едицијата „Европски приказни“ поддржана од проектот „Креативна Европа“ на Европската Унија

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.