Рита Ора страшно ги навреди Србите со својата последна изјава: Косово беше дел од Албанија! (ВИДЕО)

Дали мислите дека Рита намерно ги предизвика овие провокации?

Популарната пејачка која потекнува од Албанија Рита Ора повторно ги испровоцира Србите со својата изјава за која сметаат дека е неточна и навредлива.

Пејачката неодамна гостуваше во американскиот подкаст „Dear Media“ каде почна да зборува за нејзиното потекло и роден крај, во тој момент го спомена Косово на начин на кој што не им се допадна на Србите.

Родена сум во Косово. Во Албанија, добро, сега е Косово, но беше дел од Албанија. Потоа се преселив во Лондон кога имав една година… – истакна пејачката и ги шокираше Србите.

Многумина тврдат дека со оваа изјава Рита повторно докажала дека е неука за геополитичките состојби или дека е толку безобразна што намерно ги провоцира луѓето од српските простори со крајно неточни информации.

Секако, коментарите под видеото се брутални и многумина ја нападнаа пејачката велејќи дека шири лаги и дека треба да чита историска книга.

„Косово никогаш не било дел од Албанија, но во ред, секако“, „Се прашувам кога Косово беше дел од Албанија“, „Причината што никогаш не ми се допадна е што кажува дека Косово е дел од Албанија“, „Хахахахаха, Косово е дел од Албанија?! Косово никогаш не било дел од Албанија, а пред да почнете да ширите лаги, прочитајте нешто од историјата, ве молам“, „Австрија е Словенија, ако одиме по таа логика дека Косово е Албанија“. – се дел од коментарите.

@dearmedia

We need a @Rita Ora @Ava Max @BebeRexha @Dua Lipa collab asap 🔥 #albainan #albaniantiktok #femalmusicians #musiciancollab #ritaora #notskinnybutnotfat #podcastclips

♬ original sound – Dear Media

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.