Виенска пита: Слатко задоволство што не се пече, а може да биде и мрсна и посна!
Еднаш кога ќе ја пробате, секогаш ќе ја правите
Многу е едноставна за приготвување, нема да ви одземе многу време, а навистина е вкусна и декоративна
Состојки:
За првиот фил:
- 400 мл вода
- 300 г шеќер
- 125 г маргарин
- 100 г чоколадо
- 200 г ситен кокос
- 250 г мелени бисквити
За вториот фил:
- 50 мл
- 150 г шеќер
- 125 г маргарин
- 100 г чоколадо
- 200 г мелени ореви
За глазурата:
- 200 г чоколадо
- 6 лажици масло
Друго:
- 1 лист голема обланда
- 250 г бисквити
- 200 мл сок од портокал
- 20 г кокос за декорација
Приготвување:
Во тенџере на шпорет сипете 400 мл вода и 300 г шеќер и оставете ги да се варат. Кога ќе зовријат, додајте 125 г маргарин и мешајте со лажица да се стопи. Додајте 100 г чоколадо за готвење, промешајте со лажица и тргнете го од рингла. Мешајте со лажица за да се стопи чоколадото, а потоа постепено додавајте 200 г ситен кокос. Постепено додавајте и 250 г мелени бисквити. Мешајте со лажица за да се соедини филот убаво.
Оставете да се олади 10 минути, па распоредете го филот преку еден лист голема обланда. Убаво израмнете го филот.
Потопете ги бисквитите во 200 мл сок од портокал и наредете ги преку првиот слој фил. Секој бисквит потопете го со уште неколку капки сок од портокал. Потоа, пригответе го вториот фил. Во тенџере на шпорет сипете 50 мл вода и 125 г шеќер и ставете ги да се варат. Кога ќе зовријат, додајте 125 г маргарин и мешајте со лажица да се стопи. Додајте 100 г чоколадо за готвење, промешајте со лажица, па тргнете го од рингла. Мешајте со лажица да се стопи чоколадото, а потоа постепено додајте 200 г мелени ореви. Мешајте со лажица да се соедини филот убаво.
Оставете го да се олади 10 минути, па распоредете го филот преку бисквитите. Убаво израмнете го филот.
Во тенџере на шпорет ставете да се стопи 200 г чоколадо со 6 лажици масло, на умерено висока температура. Прелејте го колачот со стопено чоколадо. Додека чоколадото уште е меко, на површината посипете 20 г кокос. Оставете го колачот да се олади, најдобро е да отстои преку ноќ, а потоа пресечете го со тенок, остар нож.
Колачот одлично ќе се сече, па можете да го пресечете во штангли или во коцки по желба. Не можете да погрешите со овој проверено добар рецепт.
Уживајте во неодоливиот вкус на овој колач во посна варијанта. Добар апетит!
Коментарите се заклучени.