Кој е за домашна бајадера?: Направете посен колач според оригинален рецепт

Превкусно

Пробајте го овој рецепт со кој сигурно нема да погрешите!

Бајадерата важи за еден од омилените десети, кој сите ги сакаат. Неизбежен дел од посната трпеза, а на многу гости им е омилен колач. Испробајте го рецептот за бајадера со кој нема шанси да утнете!

Потребно е:

100 г чоколадо

200 г мелени ореви

250 г мелен кекс

400 г шеќер

200 г путер

200 мл вода

Прелив:

100 г чоколадо

3 лажици масло

Приготвување:

Шеќерот и водата ставете ги на рингла да се варат 5 минути до густина на мед. Тргнете ги од ринглата, па додајте го путерот.

Мешајте додека путерот се истопи. Додајте мелени ореви и кекс, па промешајте добро да се соединат сите состојки.

Смесата поделете ја на два еднакви дела, па во еден дел додајте 100 г растопено чоколадо.

Плехот од димензија 16 x 25 cm обложете го со хартија за печење. Во него истурете го чоколадниот дел рамномерно, врз него додајте го посветлиот дел, па потоа чоколадниот дел кој претходно го нанесовте. Стопете 100 г чоколадо со 3 лажици масло и посипете ја смесата врз колачот.

Оставете го да се стегне во фрижидер, па сервирајте го.

Совет: за да ви биде вкусна и успешна бајадерата, тајната се крие во сирупот кој го правиме од шеќер и вода, а кој треба да биде со течност на мед. Се’ преостанато е лесно.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.