Mixed Emotions – Во ред е да не се биде „во ред“

„Нашата работа е да ги сочуваме емоциите во шишенце. Се надеваме дека луѓето читајќи го називот ќе се пронајдат во овој сентимент и ќе пронајдат нешто подлабоко: раскрсницата помеѓу познатото и непознатото“.
Ben Gorham, Основач и креативен директор на Byredo

Mixed Emotions е мирис за секого, дизајниран да ја одразува бурната природа на модерното доба – сите подеми и падови, одразувајќи ја нестабилната реалност и светот во постојано движење. Истражувајќи на нехармоничноста,  Mixed Emotions ги става на исто место познатото и неочекуваното како би создал мирис кој е кохезија во своите контрасти.

Потпирајќи се на филозофијата на Byredo за преведување на фрагментираните спомени и апстрактните идеи за мирис, Mixed Emotions претставува олфактивна скица на нашата моментална, колективна состојба на умот. Удобни ноти на мате и остра слаткост на црна рибизла, сместени во оквирот на дрвенести тонови; смирувачкиот мирис на црн чај и листови љубичица.

Mixed Emotions е потсетник дека Е ВО РЕД ДА НЕ СЕ БИДЕ ВО РЕД – и дека од вознемирувачките искуства може да настане нова реалност.

Горни ноти: мате, рибизла

Средни ноти: црн чај, лист љубичица

Базне нота: бреза, папирус

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.