4 природни начини да добиете најинтензивна црвена боја: Бојосајте ги јајцата без хемија и без боја во кесички!

Се враќаме на старите техники

Сето ова веќе веројатно го имате дома

Црвената е традиционална боја со која ги бојосуваме велигденските јајца.

Тие ја симболизираат пролиената крв на Исус Христос за време на мачењето и распетието на Велики петок. Првото јајце, чувар-куќа, задолжително се бои со црвена боја, додека за преостанатите одлучувате сами.

Денес, постојат многу техники на бојосување и шарање велигденски јајца, а повеќето од нив вклучуваат вештачки бои.

Овој пат ќе обрнеме внимание на природното боење и ќе ви откриеме неколку трикови како по потполно природен пат да ја добиете најубавата црвена боја за вашите велигденски јајца.

1. Луковина

Најстариот начин на боење јајца во црвена боја. Сè што треба да направите е да наполните тенџере со лушпи од кромид, да додадете вода (две литри на 10 јајца), две лажици сол и лажица оцет.

Сварете ги јајцата во оваа вода на вообичаениот начин – кога ќе зоврие, оставете ја да врие максимум десет минути на умерена температура, а потоа тргнете ја од оган и оставете ги јајцата потполно да се оладат во луковината. Ако лушпите се претежно темни, не оставајте ги предолго во водата, бидејќи може јајцата да ви станат кафеави. Ако сакате вашите црвени јајца да имаат најубави природни шари, украсете ги претходно со тревки и завиткајте ги во тенки хулахопки.

2. Сок од вишни

Ако сакате вашите црвени јајца да имаат изразена интензивна црвена боја, послужете се со сок од вишни. Постапката е иста како кај луковината – ставете ги јајцата во тенџере, прелејте ги со сок од вишни и додајте малку сол и оцет. Сварете ги јајцата во сокот и оставете ги да се оладат.

3. Цвекло

Еве како да го искористите и сокот од цвекло што ќе ви остане во теглата откако ќе ги изедете сочните плодови. Постапката е иста како кај сокот од вишни. Ако сакате понежни нијанси на црвена, растворете го сокот од цвекло со малку вода.

4. Мелена пиперка

Сипете четири лажици мелена пиперка во литар вода и додајте малку сол и оцет, па сварете ги јајцата. Внимавајте да не употребите лута пиперка, бидејќи лутината може да продре низ лушпата на самите јајца.

Вапсање јајца со ориз: Еден од најбрзите начини на бојадисување велигденски јајца (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.