BOND NO. 9 NoMad Новиот мирис го доловува слободниот дух на сонливите талкачи

Овој голем град, полн со номади, се враќа и го прославува новиот воодушевувачки член на племето Bond No9.

Иако допрен од егзотиката, верувајте, новиот Bond No9 мириса на дом. Овој мирис зборува за легендарниот раскош во минатото и во сегашноста на најтрендовскиот кварт во Њујорк. NoMad – северно (North) од паркот Медисон сквер (Madison).

ИНСПИРАЦИЈА Преродбата е во воздухот, а Њујорк отсекогаш бил епицентарот на напредокот, еволуцијата и оптимизмот. Другите области на Големото Јаболко не носат таква симболика како Номад, една од најстарите населби во градот, која повторно се раѓа во толку многу инкарнации што материјалната девојка (Мадона) би поцрвенела.

Најелитните жители на градот се собраа во Номад на средината на деветнаесеттиот век и го поплочија патот на еден од најотмените квартови во Менхетн и местото за преродба на француската ренесансна уметност и структура.

Тогаш, како и сега, областа била дом на легендарните хотели, кои станале значајни места на гламурозната златна доба на американската историја. Славниот луксузен хотел Fifth Avenue, изграден во 1859 година, станал главно место за собирање, како и Breslin (1904, сега хотел Ace!) и St. James (1874).

Исто така, Номад тогаш, како и сега, ги има најпознатите ресторани, како на пример Manhattan Club, во кој настанал еден од најпопуларните коктели на светот… погодувате The Manhattan.

За жал, како и многу делови од други градови, Номад доживеал повеќе метаморфози, запоставување и тешки времиња..

Изградбата на шик-хотели, ресторани и големи резиденции во последните две децении ја враќа репутацијата на оваа област, некогаш скапоцен камен на златната доба, а денес симбол.

Според зборовите на основачката на Bond No9, Лорис Рахме, овој мирис го слави стилот на животот на Номад и културата, но во суштина претставува и олицетворение на нераскинливата врска помеѓу минатото и сегашноста.

КОМПОЗИЦИЈА Срцето на NoMad чука со силен сензуален уд, во чест на номадите од Ориентот, со акцент на модерни овошни ноти. Кремливата круша и свежата црна рибизла даваат гурманска топлина, заокружена со луксузен килибар и сандалово дрво, што му дава на овој долготраен мирис постојаност што го краси самиот NoMad.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.