За Николина Пишек проблемите не стивнуваат: Свекорот ја обвини дека покојниот син ѝ го презела на оваа позната актерка

„Се дружеше со неговата славна девојка, па го украде Видоје од неа“, изјави Миша Гроф за српските медиуми.

Витор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, тврди дека неговиот син Видоје и неговата сопруга Николина Пишек се запознале преку актерката Катарина Радивојевиќ, за нашата публика позната по улогата на Зона Замфирова, со која покојниот историчар на уметност бил во емотивна врска.

Тој наведува дека тие две тогаш биле пријателки и дека актерката не ни претпоставувала дека Николина ќе ѝ го преземе момчето.

Николина и Катарина Радивојевиќ беа најдобри пријателки, а Видоје со Катарина беше во врска нешто помалку од две години. Николина го запознала како момче на нејзината другарка и го украде од неа, а биле неразделни. О, боже, зошто не остана со неа… И да, таа ја раскина таа врска и се омажи за момчето на својата другарка… Катарина ја запознав двапати, беше прекрасна и многу воспитана“, изјавил Миша Гроф на медиумите.

Изгледа дека познатиот белградски трговец со уметнички дела нема намера да ја „спушти топката“, туку продолжува со нападите и валкањето на својата снаа, која ја „смета одговорна за смртта на својот единствен син“.

Николина беше со Видоје само заради пари, не спиеја заедно повеќе од две години. Одеше во Загреб, ѝ ги носеше парите штоги бараше, а потоа одеше во хотел да спие“, откри Миша гроф за медиумите.

Повеќе за обвинувањата на Миша Гроф на сметката на Николина Пишек, можете да прочитате ТУКА.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.