Amouage создаде нов парфем кој е израз на моќта на жените што сакаат да го сменат светот

Love Mimosa претставува омаж на женската моќ

Amouage носи нов мирис во цветната тематска колекција Secret Garden.

Love Mimosa претставува омаж на женската моќ, овој возбудлив, нежен и хипнотизирачки мирис е манифестација на нивно зајакнување, виталност и мудрост.

Во последното поглавје на Amouage, креативниот директор Christopher Chong, кој од неодамна го напушти брендот, работејќи само со жени парфимери, создаде единствен мирис за бестрашни личности користејќи ги карактеристиките на цветот мимоза. Инспириран од сите жени кои го отвориле патот на идните генерации, тој разви мирис што претставува оддишка на храброста и одважноста, исто како и жените кои со својата смела и креативна страст за еднаквост сакаат и продолжуваат да го менуваат светот.

Сите карактеристики на Love Mimosa се создадени благодарение на ретките состојки кои придонесуваат кон леснотијата на мирисот на овој цвет. Имитирајќи ги ридовите на Танерон кои се наоѓаат на југот на Франција, горните мириси се отвораат со водени ноти на виолетови лисја и каскалони. Мимоза е прикажана со кремасти и прашкасти ноти на ирис и хелиотроп. Нотите на круша даваат сочна сладост со суптилна овошна арома, лесна и модерна. Иланг-Иланг заедно со амброксот кои се наоѓаат во основата на мирисот, проектираат суптилна сензуалност. Меки и кадифени траги на мирисот кои остануваат во меморијата.

Воздушен, енергичен и моќен, Love Mimosa е подеднакво силен како и жените кои го носат на себе. Познатиот облик на Amouage шишето е обен со харизматично изразена цитрусно жолта боја, а капачето е украсено со жолти кристали на Swarovski

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.