5 вкусни топчиња од една смеса: Непечени ситни колачи за паметење!

Ќе ги обожавате

Идеално за богата трпеза, кога ви треба да завршите што повеќе работа за помалку време

Состојки за основната смеса:
  • 600 г мелени бисквити
  • 400 г шеќер во прав
  • 12 лажици сок од портокал
  • 500 г путер или маргарин
Приготвување:

Измешајте ги сите состојки за да добиете убава, соединета смеса. Потоа поделете ја смесата на 5 дела и од секој дел формирајте 12 топчиња, од целата смеса ќе ви излезат вкупно 60.

Сега почнуваме со правењето различни видови топчиња…

Топчиња со чоколадо

Стопете 100 грама чоколадо со една-две лажици масло. Внимавајте да нема грутки. Стопеното чоколадо сипете го во тесна чашка, па спуштајте ги топчињата едно по едно за рамномерно да се обложат со чоколадо.

Наредете ги топчињата на чинија и ставете ги во фрижидер десетина минути, па наросете ги топчињата со шарени или чоколадни трошки. Не дозволувајте чоколадото премногу да се стегне пред да ги ставите трошките, бидејќи само ќе ви паднат на страна. Ставете ги повторно во фрижидер и продолжете со другите топчиња.

Топчиња со јаткасти плодови

Кога правите топчиња со јаткасти плодови, немојте пред нивното додавање да формирате топчиња. Ќе ви требаат 200 г од омилените јаткастки плодови – бадеми, лешници, ‘фстаци – од кои 100 г ќе сомелете и ќе ги додадете во смесата за топчиња.

Од преостанатите 100 грама, издвојте 6 плода, пресечете ги на половина, а остатокот крупно исечкајте ги. Формирајте топчиња, во средина втиснете половина од јаткастиот плод и повторно затворете го топчете. Извалајте ги во крупно сечканите плодови. Слободно притиснете ги малку за убаво да се залепат во топчето.

Бели топчиња

Стопете 100 г бело чоколадо и повторете ја постапката како со првите чоколадни топчиња. Кога топчињата ќе се стегнат, извалајте ги во кокос и ставете ги во фрижидер.

Овошни топчиња со бисквити

За ова ќе ви требаат 12 бобинки од омиленото шумско овошје (брусница, боровинки, рибизли, малини, капини…), малку кандирано овошје по избор и малку густа течност од слатко или овошен сируп за преливи. Формирајте топчиња и во средина втиснете една овошка, па убаво затворете го топчето. Со лажичка ставете малку густа смеса од слатко, па врз нив посипете многу ситно сечкано кандирано овошје. Ставете ги во фрижидер.

Топчиња со корнфлекс

Сомелете 80 г корнфлекс, а околу 50 г оставете на страна за валање. Мелениот додајте го во смесата од бисквити, па дури потоа формирајте топчиња. Извалајте ги во крупните корнфлекс-снегулки. Ако се премногу големи, здробете ги малку или исчукајте ги со сукало во кеса, па дури потоа извалајте ги топчињата.

Уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.