Овие 4 хороскопски знаци до детали ја помнат секоја подадена рака, но и подметната нога!

Простуваат, но не забораваат

ФОТО: Pixabay

Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци имаат беспрекорно помнење

Припадниците на некои хороскопски знаци  имаат толку добро помнење што не им требаат роковници и потсетници. Додека едни се сеќаваат на работите што се случиле до најситни детали, други никогаш не можат да ја заборават нанесената неправда и подметната нога.

Скорпија

Ретко кој може да се мери со нив кога меморијата е во прашање, бидејќи без потешкотии  може да се присети на настаните од минатото. Скорпиите не се плашат да се соочат со старите рани и не ги потиснуваат негативните искуства. Дури и по многу години ќе се сетат на пријателот од детството што им ја уништил играчката или го издал на родителите. Со овој хороскопски знак не е паметно да се замерите, ниту да го повредите.

Јарец

Уште во детството се склони на игри што ја подобруваат меморијата, како што се игри со помнење, сложувалки и квизови. Присетувањето на одреден настан често им предизвикува асоцијација на низа други, па можат да раскажат цел роман со многу детали. Не ја забораваат ни најмалата услуга, но ни најблагата повреда. Многу добро помнат кој бил покрај нив, а кого го немало за време на важните моменти.

Бик

Овој хороскопски знак ги помни моментите кога некој им направил нешто лошо, но се сеќава и на прегратките, летувањата и убавите моменти со најблиските. Имаат развиена визуелна меморија, па можат сликовито да опишуваат разни анегдоти од животот – првиот излет на село, омилената сликовница… Нивните описи на минатите настани се многу живописни и по малку драматични.

Девица

Припадниците на овој знак се добро организирани, критички настроени и детално се сеќаваат на секој настан од својот живот. Без разлика колку време поминало од некоја епизода од ТВ серија, точно можат да опишат што каде стоело во просторијата, кој што кажал и како бил облечен. Умот совршено им функционира и со леснотија ги наоѓаат бараните документи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.